БЕРЗА: Акциите на Бетон АД Скопје со најголем раст, акциите на Комерцијална банка со најголем промет
Објавено во: Економија 14 Февруари, 2017
Акциите на Комерцијална банка остварија најголем промет во текот на вчерашниот трговски ден и истите беа најтргувани на берзата.
Истргувани биле 4.218 акции чија просечна цена се движела од 2.982,92 денари со учество од 75,85 отсто во вкупно остварениот промет во понеделникот од 16.587.411 денари.
Над милионски промет е остварен и со акцијата на Нова стоковна куќа АД Струмица, или 1.752.750 денари. Биле истргувани 19 акции по цена од 92.250 денари.
Со просечна цена од 11.430 денари и раст на вредноста од 2,97 проценти најголем раст оствари акцијата на Бетон АД Скопје, а ја следеа акциите на Гранит АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје .
Што се однесува до МБИ10 индексот , тој заврши на 2.293,13 индексни поени, додека индексот ОМБ регистрираше пад за 0,15 отсто и заврши со вредност од 128,61 поени