БЕРЗА: Инвеститорите загреани за акциите на Комерцијална банка, НЛБ банка и Алкалоид
Објавено во: Економија 14 Март, 2017
Првиот работен ден од неделава почна со над милионски приходи за Македонска берза.
Најтргувани беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со кои се оствари промет од 3.413.465 денари. Со хартиите од вредност на оваа банка беа истргувани 1.241 акција и учество од над 32 отсто во вкупниот промет кој изнесуваше 10.604.127 милиони денари.
Зад акциите на Комерцијална, најтргувани беа акциите на НЛБ Банка и Алкалоид АД Скопје.
252 хартии од вредност на НЛБ Банка се тргуваа по просечна цена од 10.200 денари, додека над милин денари промет регистрира акцијата на Алкалоид АД Скопје. Со истргувана количина од 251 акција вкупниот промет изнесуваше 1,4 милиони денари.
Со само 5 истргувани акции, хартиите од вредност на Скопски Пазар АД Скопје регистрираа најголем раст на вредноста од 105,32 проценти, со просечна цена од 18.499 .
Денот во негатива, односно во пад го заврши Индексот МБИ-10
Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,08 отсто на вредноста од 0,08 отсто, и изнесуваше 2.243,09 индексни поени.