Берзата со промет од 13,7 милиони денари по празниците: Кои акции беа најтргувани?
Објавено во: Економија 19 Април, 2017
Првиот ден по празниците на Македонска берза и донесе промет од 13,7 милиони денари реализиран во 59 трансакции.
Најтргувани акции вчера на берзата беа хартиите од вредност на Алкалоид АД Скопје. Тие имаа промет од 5,4 милиони денари со истргувани 952 лотови по цена од 5.753,42 денари.
Втора најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје која регистрираше промет од 3,3 милиони денари.
Зад неа се наредија акциите на Гранит АД Скопје и МЗТ Енергетика .