Берзата со пад на прометот во март, кои акции беа најтргувани?
Објавено во: Економија 07 Април, 2017
Пад од 11,77% или 354.663.073 денари бележи прометот кој Македонска берза го остварила во месец март, поажува најновиот извештај на билтенот на берзата.
Трите најтргувани акции во март според билтенот биле акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид Скопје и хартиите од вредност на Гранит Скопје.
Најголем пад берзта бележи кај блок трансакциите каде што прометот регистрирал -60,74 % .
Вкупниот број на трансакции достигна 1.519 , а Индексот МБИ 10 беше на ниво од 2.251,09 поени или за -1,99% помалку споредбено со претходниот месец.
Што се однесува до пазарната капитализација таа бележи пад од 2,58%.
Акциите кои забележаа најголем раст на вредноста се Арцелормиттал Скопје (ХРМ) Скопје (33,33%), Пекабеско Кадино, Илинден (19,82%) и ОКТА Скопје, Тетекс Тетово и Сковин Скопје.Наспроти нив пад регистрираа хартиите од вредност на Жито Лукс Скопје (20,00%), Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) Скопје (19,35%) , Фустеларко Борец Битола, Макстил Скопје и Адинг Скопје .