24 Април, 2024
0.0311

БЕСА контра Ахмети - Тие што ни одземаа двајца пратеници немаат легитимитет пред Албанците

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Движењето БЕСА денеска соопшти дека ја поддржува заедничката Декларација на албанските партии, но оти нема да прифаќа состаноци иницирани од лидерот на ДУИ.

- Тие кои беа главни виновници што на БЕСА и се одземаа два пратеника и да и се дадат на ВМРО, немаат веќе легитимитет да ги застапуваат Албанците, ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија, наведува БЕСА во соопштението. 

Според БЕСА, ваквите иницијативи за средби се со лоши намери и имаат за цел, како што се вели, само да ги рехабилитираат оние кои 15 години го уништувале интересот на Албанците во Македонија. 

- Затоа, се додека нема иницијатива за свикување на тркалезна маса според она како што сме се договориле, тоа значи дека нема воопшто да се организира. Состаноците кои се одржуваат во име на Декларацијата, повеќе личат на разговори за коалиција на ДУИ –Алијанса, отколку на масата договорено со Декларацијата, се вели во соопштението.

Од БЕСА посочуваат дека ова не го спречува спроведувањето на Декларацијата, бидејќи тие се уште ја поддржува оваа платформа и кога нејзините точки ќе дојдат во Собранието на Република Македонија, ќе бидат поддржани од нивните пратеници. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП