28 Март, 2024
0.0370

БЕСОТ НА ГРЦИЈА ПОРАДИ ЗАКИНТОС: Срби, Британци-хаос и анархија и „Пијаното лице на Грција“

Објавено во: Балкан 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

После смртта на американскиот турист на Закинтос, грчките медиуми и јавност наголемо се занимаваат со проблемите кои настануваат во тоа популарно летувалиште.

Порталот Patratora.gr наведува дека стотици илјади момчиња и девојчиња секоја година летуваат на Закинтос, Крф, Крит, Родос, Кос, а од Грција го видат само Лаганас, Кавос, или Фалираки, кои мутирале во места на кои на лица од 18 до 30 години им е дозволено практично се.

„Фактот дека 22 годишник се враќа во татковината во ковчег, бидејќи е претепан до смрт е факт кој изгледа дека не му прави проблем на никој. Грција, додуша, има компартивни предности во однос на другите популарни летувалишта за млади, цените на Закинтос се пониски во однос на Ибица или Мајорка, а толеранцијата на девијаци е уште поголема-а тоа не е поради традиционалното грчко гостопримство“, се наведува.

Како механизми на репресија и превенција на криминални дела не се на висина на задачата во Лаганас, постои чуство на толеранција и беззаконие.

„Ноќите на Закинтос станаа дел од подземје, а тоа не ги погодува младите кои доаѓаат во Грција како би пиеле до утро и правеле се она што е спротивно со востановениот концепт на лично достоинство. Нивото на деликвенција е во директна врска со отсуство на ефективни контроли и константно е во пораст. Секоја ноќ се случуваат тепачки, убиства, а несвесни тела лежат пред центрите за забава. Сирените кои се слушаат воглавно се сирени на амбулантни возила“, се додава.

Со наведува на морбидни примери за трагедии кои се случиле изминативе години, се додава и дека слични места на Ибица и Мајорка се под контрола која дава чуство на безбедност, додека она што се случува во Грција значи само едно-отсуство на ред и воопшто ред и закон.

„Таканареченото „Пијано лице на Грција“ се шири во светот, а стана сосема нормално некој да го удрите в лице, во пијана состојба, да учествувате во тепачка, да се сликате голи, нечисти и одвратни ситуации итн, итн... Тинејџерите се жедни за анархија и незрело однесување, а кога стигнат каде и да се упатат не постојат бариери за нив. Граѓаните се револтирани и на социјалните мрежи поставуваат фотографии на непознати луѓе кои доаѓаат во нивните места и ги уништуваат“, се истакнува.

Понатаму во текстот се апострофираат и припадници на одредени народи.

„Во инцидентите воглавно учествуваат луѓе од Балканот, Срби, Бугари, Романци и други, а тоа што тие ги напаѓаат „Западњаците“ повеќе отколку што тоа Грците го прават, во Грција, тоа е многу лошо...Србите имаат многу лош иницијален пристап кон Британците и Американците, а клубовите воглавно се поделени на оние кои се „за Срби“ и „за Британци“, се заклучува.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)