24 Април, 2024
0.2548

„Бетон Штип“ ќе плати 6 милиони евра за удел во млекарата „Здравје Радово“

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во фокус на јавноста се прашањата зошто градежна фирма плаќа 6 милиони евра за 49 отсто од уделите во млекарницата и од кои извори ќе го финансира ова вложување

Акционерите на штипската градежна компанија „Бетон“ еден од најголемите градители во мега проектот „Скопје 2014“ планираат да вложат 6 милиони евра за да купат 49 отсто од уделите во млекарницата „Здравје Радово“, ова е предлог одлука која ќе бие ставена на дневен ред на претстојното собрание на акционери на штипската компанија закажано за 16 декември годинава. 

Предлог одлуката пред акционерите ја доставува Одборот на директори составен од : Зоранчо Митровски, претседател, неизвршните членови Тодор Мирчевски, Деан Панделевски и Јордан Камчев како и извршниот директор Ванче Мијалчев.

Во акционерската структура на „Бетон Штип“ има четири големи акционери од кои најголем е штипската компанијата „Езимит“ која поседува 23,3 отсто од акциите со право на глас, сопственост на Митровски, потоа три компании кои имаат по 19,5 отсто и тие се: ТИМ Доо градежно друштво, Орка Холдинг на Камчев и „Ексико“ сите од Скопје. Во акционерската структура има уште 97 домашни физички лица кои поседуваат 14,18 отсто од акциите и кои , веројатно никој не ги прашува за оваа инвестиција затоа што согласно со домашната легислатива од оваа област друштвото може да купи удели и акции и ако е тоа над 20 отсто од неговата книговодствена вредност за тој процес му е потребна согласност од aкционерите. Во случајов многу е веројатно дека големата четворка дала согласност за овој процес и дека гласањето на 16 декември ќе биде само формалност. 

Моментално прашање од интерес на домашната инвеститорска јавност е кој од постоечките сопственици на удели во млекарницата „ Здравје Радово“ ќе ги добие или добијат 6 милиони евра и ќе отстапи свој удел во оваа позната домашна млекарница. 

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавност вчера на официјалната мејл адреса на „Бетон Штип“ ги достави следниве прашања:

-„Бетон“ Штип планира да вложи 6 милиони евра во 49 отсто од уделите во „Здравје Радово“. Од кои причини градежна компанија се одлучи да вложи во бизнис со млеко и производи од млеко?

- Од кои извори ќе бидат обезбедени средствата за плаќање на тие 49 отсто од уделите во „Здравје Радово“ и кое правно или физичко лице ќе го замени или ќе ги замени „Бетон Штип“ во акционерската структура на „Здравје Радово“? 

Доколку добиеме одговори во целост ќе ги објавиме. 

Во првите девет месеци „Бетон Штип“ има вкупни приходи од продажба кои изнесуваат околу 9,5 милиони денари. Зделката од 6 милиони евра претставува повеќе од полугодишните приходи на оваа градежна компанија. Според извештајот на независните ревизори „Бетон Штип“ на крај на 2015 година имал нераспределена добивка во износ од 226,7 милиони денари односно околу 3,67 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава