19 Април, 2024
0.0260

Без инциденти и со помала излезност се прегласува во Чаир

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Мирно и под засилено полициско присуство се одвива гласањето на гласачкото место 2901 во Општина Чаир, каде се повторува вториот круг од гласањето. До 13 часот на избирачкото место правото на глас го искористиле 150 гласачи.

„Гласачкото место е отворено на време и до овој момент гласањето тече не прекинато и без проблеми. До 13 часот од вкупниот број запишани избирачи на гласање излегле вкупно 150 односно 20,86 проценти“, вели Љупка Гугучевска – Портпарол на Државната изборна комисија

Претходно, и потпретседателката на избирачкото место, Лилјана Трошанска потврди дека гласањето почнало навремено и се одвива без никакви проблеми. Излезноста на граѓаните на ова гласачко место е речиси идентична како во првиот и вториот круг на изборите. Во првиот круг, до 13 часот гласале 155 гласачи, додека во вториот круг, бројката е иста како денеска.

За мирен изборен ден информираа и од невладината Цивил, чии набљудувачи остануваат во училиштето „Иднина“ до затварање на избирачкото место. Инаку, прегласувањето на ова гласачко место доаѓа откако Уставниот суд донесе одлука по жалбата на една политичка партија. На избирачкото место има вкупно 719 гласачи, а разликата меѓу кандидатите во оваа скопска општина беше 209 гласа.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата