19 Април, 2024
0.0268

„Биди перспективен, започни свој бизнис“- нов проект за самовработување

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе се организира натпревар за започнување на бизнис насловен „Биди перспективен, започни свој бизнис“,  за кој беше објавен јавен повик  согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година.

Проектот треба заеднички да го реализираат Министерството за образование и наука, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Бизнис старт ап центарот и стопанските комори, кои со низа активности ќе им овозможат на студентите и на младите претприемачи да се здобијат со знаења за тоа што значи да се биде претприемач и да се започне сопствен бизнис.

„Целта е со овој проект да создадеме  силна врска меѓу бизнисот и образованието, која е неопходна за успешно отпочнување на нови бизниси и за зголемување на бројот на нови и иновативни претпријатија, за да го намалиме притисокот за вработување, присутен во актуелниот бизнис амбиент, рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната промоција на проектот. Според него, загрижува состојбата на раст на бројот на млади невработени лица, па ваквите проблеми ќе се надминат доколку бизнисот и образовниот систем работат заеднички. „Неделава го објавивме јавниот повик до сите студенти и млади претприемачи, за да аплицираат со идеи кои ќе бидат евалуирани од страна на посебна комисија, при што оние студенти на кои идеите ќе бидат избрани, ќе поминат низ обука составена од 13 модули, со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план, а после обуката, студентите ќе бидат повикани да конкурираат со нивните бизнис планови, кои ќе бидат предмет на евалуација од страна на комисијата за евалуација“, појасни Сарачини. Притоа ќе бидат избрани трите најдобри бизнис планови, а победниците ќе добијат парични награди со кои ќе се обезбеди техничка и финансиска помош за основање на компанија. Пријавувањето е во тек.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година