БиХ ја „окупираат“ туристи од Саудиска Арабија
Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2016
Од година во година, расте бројот на арапски туристи во БиХ.
Додека едни тврдат дека тоа е добро, други се загрижени заради овој тренд.
Во првите шест месеци од годинава 4039 туристи од Саудиска Арабија ја посетиле БиХ, покажуваат статистичките податоци.
Тоа е за 95.8% повеќе од истиот период лани.
Гостите од Саудиска Арабија оствариле 9249 ноќевања, односно биле по 2-3 дена во просек во земјата.
Од Кувајт имало 3519 гости или за 7.4% помалку од истиот период лани.
Од Катар, Емиратите и други арапски земји имало вкупно 21.803 посети. Тоа е двојно повеќе од истиот период лани.
Доаѓаат семејства, но и група мажи, пријатели, познаници. Некои од нив доаѓаат за да купат земјиште, станови, или куќи близу Сараево. Дневно во просек трошеле по 300 марки, сума во која е вклучено и сместувањето.