26 Април, 2024
0.0315

Бил Гејтс ги предвиде овие 6 работи во 1999 година - И тие се остварија

Објавено во: Стил 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во 1999 година, основачот на Microsoft Бил Гејтс ја издаде книгата "Business @ the Speed of Thought". Во неа тој ги споделува предвидувањата за тоа како ќе се развива технологијата во иднина. Речиси 20 години подоцна се испоставува дека тие станале вистина. Ве потсетуваме на некои од неговите претпоставките.

Гејтс во 1999 г .: „Ќе има услуги преку кои ќе можат да се споредат цените на различни производи."“

Денес: Можете едноставно да побарате даден производ во Google или Amazon и да разгледате различни цени. За целта има и специјални сајтови.

Гејтс во 1999 г .: "Луѓето ќе носат мали уреди кои ќе им овозможуваат постојано да се во меѓусебна комуникацја. Ќе можат да ги проверат вестите, да резервираат летови, да добиваат информации за финансиските пазари, воопшто да прават сè."

Денес: Смартфони и "најпаметните" часовници се незаменлив дел од нашето секојдневие.

Гејтс во 1999 г .: "Ќе можат да се создаваат персонални технолошки асистенти. Тие ќе ги поврзуваат различните уреди, без разлика дали се дома или во канцеларија.

Денес: Слична е услугата Google Now. Неодамна Марк Цукерберг пак сам си создаде виртуелен личен асистент, кој личи на прикажувањето во филмот "железниот човек".

Гејтс во 1999 г .: "Сајтови кои роднини и пријатели ќе ги поврзуваат, ќе станат популарни."

Денес: Корисниците на Facebook веќе достигнаа 2 милијарди луѓе. Други социјални мрежи како Snapchat, Twitter, Instagram исто се екстремно популарни.

Гејтс во 1999 г .: "Додека ќе гледаат спорт на телевизија, луѓето ќе можат да разговараат за случувањата во живо онлајн."

Денес: Повеќе социјални мрежи веќе нудат дискусии во живо.

Гејтс во 1999 г .: "Барателите на работа ќе можат да најдат можности за вработување онлајн, наведувајќи ги своите вештини и интереси."

Денес: Токму тоа е концептот на сајтот LinkedIn. А и како целина побарувачката на работа веќе се врши главно во интернет.

Бил Гејтс предвиде овие 6 работи во 1999 година - и тие се обистини

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти