18 Април, 2024
0.0258

Бил Гејтс инвестира 80 милиони долари во паметен град

Објавено во: Стил 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Група поврзана со инвестициската компанија на Бил Гејтс има инвестирано 80 милиони долари во проект за паметен град крај Феникс, Аризона.

Паметниот град Белмонт ќе биде дизајниран со автономни возила, со голема брзина дигитални мрежи, центри за податоци, нови производствени технологии и автономни логистички центри, соопштува CNN Money.

Не е јасно со колку доколку поранешниот извршен директор на Microsoft Гејтс, кој е сопственик на компанијата-мајка на проектот, Cascade Investment, ќе учествува во директно во проектот.

Belmont Partners, со седиште во Аризона инвестициска група за недвижности, која раководи со проектот, соопшти дека новото паметно гратче ќе биде со слична големина со најблискиот Темпе, Аризона, со население од 182 000 луѓе.

"Изградбата на инфраструктура од иднината на зелено е далеку полесно и поекономично од модернизацијата на постоечка градска мрежа", рече во изјавата портпаролот на компанијата Грејди Гамаж.

Аризона има репутација на држава отворена за технологија. Неколку главни играчи во автономниот автомобил - Waymo, Uber и Intel - ги тестираат своите иновации овде.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре