28 Март, 2024
0.0233

Бил Гејтс на чело – кој има богатство вредно над 50 милијарди долари?

Објавено во: Стил 11 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Веќе има пет мулти милијардери во светот , чие богатство надминува 50 милијарди долари , покажаа последните податоци на Bloomberg . 58-годишниот Бил Гејтс останува најбогатиот човек во светот со лична состојба на сметката која се проценува на 73,1 милијарди долари. Од почетокот на годината Гејтс го зголемил богатството за 10,4 милијарди долари . По него следува Мексиканецот, Карлос Слим со 67 милијарди долари , кој само во рамките на вчерашниот ден додаде нови 1,6 милијарди долари. Најбогатиот Европеец до денес е Амансио Ортега . 77 -годишниот Ортега е основач на Inditex , која пак поседува голем број на модни брендови , меѓу кои и Zara . 83-годишниот инвеститор Ворен Бафет ја зазема четвртата позиција со 58.9 милијарди долари , со што го претекна основачот на ИКЕА, Ингвар Кампрад , чие богатство се проценува на 50.4 милијарди долари. За да влезе во листата на најбогатите 200 луѓе на планетата , човек треба да има барем 6,5 милијарди долари - колку штоп поседува Хајнц Хорст Дајхман , основач на синџирот „Deichmann“и последен на престижната листа Топ 200 милијардери.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи