28 Март, 2024
0.0233

Бил Гејтс: Стив Џобс отсекогаш беше поголем фраер од мене!

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс важи за човек кој ретко дава интервјуа за медиумите. Сепак пред два дена тој се појави во американското телевизиско шоу „Colbert Report“, во кое домаќинот Стивен Колберт честопати кани познати личности и ги напаѓа со повеќе или помалку искрени прашања. Во преносот од четвртокот тој му се обрати на Бил Гејтс со фактот дека ко-основачот на Епл,  Стив Џобс често е нарекуван "многу кул" поради неколку добри производи кои и денес се продаваат доста добро. За сметка на тоа Гејтс и покрај бројните добротворни акции, ја нема заслужено во јавноста истата почит, критикуваше Колберт. „Не се нервирате што додека Вие, Бил Гејтс се четате таму ваму  во обид да го спасите светот, Стив  беше запаметен како кул човек“, праша сатирично Колберт. Гејтс веднаш одговори многу едноставно: „Тој секогаш бил по-кул од мене". " Тој беше брилијантен. Тој имаше свој стил, свој пристап. Мојот стил е малку покрут отколку што беше неговиот". Гејтс, кој сеуште е претседател на бордот на директори на Мајкрософт, но се пензионираше во 2008 година од секојдневните работни обврски, рече исто така со носталгија гледа назад во времето кога беше активен член на корпорацијата. „Да, недостасува ми интензитетот. Тоа беше феноменално задоволство. Изградбата на највлијателната софтверска компанија во светот беше најдоброто нешто што некогаш сум го направил", рече Гејтс.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи