28 Март, 2024
0.0252

Билетите за Суперкупот на UEFA оваа година се тројно поевтини

Објавено во: Стил 03 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Билетите за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед за Суперкупот на UEFA ќе чинат тројно помалку отколку минатогодишното финале. Причината е дека оваа година средбата ќе се одигра на скопската арена Филип Втори, додека во 2016 година натпреварот се играше во Норвешка,пишуваат медиумите од регионот.

Од сајтот на UEFA се гледа дека најевтиниот билет ќе чини 15 евра, а за убавите сектори местата ќе чинат 30 и 50 евра. Во минатата година најевтините билети можеа да се купат за 50 евра, а поскапите достигнуваа и 90 и 150 евра.

Навивачите сепак имаат помалку од еден ден, за да аплицираат за билети. Резервации за натпреварот можат да се направат само преку сајтот UEFA.com, како за целта е формирана специјална апликација за аплицирање. Крајниот рок за тоа е вторник, 4 јули, во 14:00 часот. Фановите можат да купат до четири билети од човек.

Продажбата не се одвива на принципот "прв дојден, прв услужен", па апликациите можат да се прават во секое време, додека порталот е отворен. Секој кандидат има еднакви можности со останатите.

Кандидатите ќе бидат известени преку е-маил до 14 јули дали добиваат билети. Исто така ќе може да се следи состојбата на апликацијата од порталот, така што ќе се користи корисничко име и лозинка. Билетите ќе бидат испратени по курир не подоцна од крајот на јули, објавија од UEFA. Плаќањето може да се изврши само со кредитна картичка.

И оваа година UEFA го задржа поголемиот дел од билетите за фенклубовите и обичните фанови. Тие ќе добијат 75% од резервациите за стадионот, кој е со капацитет од над 30 500 места. Останатите 25% се даваат на локалниот организационен комитет, на UEFA и на националните асоцијации, трговски партнери и медиуми.

Финалето на Суперкупот на UEFA меѓу победникот во Лигата на Шампионите "Реал Мадрид" и Лига Европа "Манчестер Јунајтед" ќе се одигра на 8 август од 20:45 часот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи