БИОГРАФИЈА КОМАНДАНТ НА УЧК: Кој е Рамуш Харадинај?
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2017
Рамуш Харадинај-поранешен хашки обвинет, пратеник и лидер на Алијансата за иднина на Косово е уапсен во Франција по меѓународна потерница на Србија.
Харадинај е уапсен на аеродромот во Базел, на француската страна, а врз основа на барање на Србија од 2004 година поради злосторства на Косово.
Харадинај е роден на 3 јули 1968 година во село Глоџане кај Дечани во Косово. После демонстрациите на косовските Албанци во 1989 емигрирал во Швајцарија, каде е регрутиран во Народното движење на Косово, од кое настанала Ослободителната војска на Косово.
Во Албанија во 1996 завршил обука и учествувал во создавање на терористичи бази во градовите Кукс и Тропоја.
Во Косово често доаѓал илегално, а тајно се вратил во средината на 1997 година, кога со браќата Даут и Шкељзен организирал терористички напади на полицијата ширум Метохија.
Во април наредната година станал еден од регионалните команданти на УЧК.
На негова иницијатива во Глоџане е формирана специјалната единица УЧК „Црни орли“, на која и се препишува одговорноста за мачење и убивање на повеќе десетици српски цивили, чии тела се најдени во Радоњичкото езеро и по селските бунари во општината Дечани.
Властите во Белград го обвинија Харадинај дека е одговорен за многу злосторства над Србите во тој дел на Покраината и за него распишале потерница.
Обвинет е за масовно убиство на Срби на подрачјето на Глоџане, каде во летото 1998 на земјоделска плантажа се најдени повеќе од 20 тела.
После официјалното распуштање и демиталиризација на УЧК во почетокот на 2000 година е формиран Косовски заштитен корпус во кој Харадинај бил заменик командант Агим Чекуа.
Од таа должност се повлекол на 11 април таа година и најавил основање на партија. Новата партија под име Алијанса за иднината на Косово е формирана на 29 април 2000-та година и Харадинај е избран за нејзин претседател.
Хашкиот трибунал против Харадинај на 4 март 2005 година покрена обвинение, со кое по 3 точки го терети за злосторство против човештвото и кршење на закони и обичаи на војувањето, врз основа на индивидуална кривична одговорност направена во период од 1 март до 30 септември 1998 година, кога бил командант на таканаречената оперативна зона Дукаџин (Метохија).
Харадинај по приемот на обвинението поднел оставка на местото косовски премиер и доброволно му се предал на Трибуналот на 9 март 2005 година.
Хашкиот суд го ослободи Харадинај од обвиненија за воени злосторства во 2012 година. Тогаш Харадинај и неговите поранешни помошници Идриз Балјај и Лахи Брахими се пуштени на слобода.
Претходно, по завршувањето на првото судење, по обвинение за зосторствата на широкото подрачје на западно Косово, Харадинај и Балјај се ослободени од обвиенија и пуштени на слобода, додека Брахимај бил осуден на шест години затвор.