25 Април, 2024
0.0354

БИТКА ЗА ПАРИТЕ: Дали опозицијата ќе го минира буџетот?

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Дали опозицијата ќе го урне буџетот со 422 амандмани? Жестока расправа во комисијата во собрание. Додека се губат човечки животи вие проектирате златни чешми, фасади, обвини опозицијата

Вода нема во Тетово, пари нема за канали и речни корита, затоа загубивме човечки животи, и ДПА со жестоки обвинувања кон власта како го скроиле предлог буџетот за догодина. 

Опозицијата побара парите да се трошат рационално, а не за добивање на гласови. Од ДУИ уверуваат дека во буџетот парите пропорционално се трошат, а граѓаните со секои избори ги легитимираат политиките.

Опозицијата поднесе вкупно 422 амандмани , од кои 154 се од СДСМ, а останатите од ДПА.  

Опозицијата инсистира нов буџет да изгласа новата влада, по изборите на 11 декември.

11 октомври е датумот до кој пратениците треба да одлучат за буџетот кој Владата го предложи за 2017 година. 

Според договорот од Пржино на 12-октомври Собранието треба да се распушти а претседателот Трајко Вељаноски да распише предвремени парлаентарни избори на 11-ти декември.

Според предлогот Владата бара тој да изнесува 3,3 милијарди евра од кои 450 милиони ќе бидат наменети за капитални инвестиции.

Жестоки дебати и контрадикторни ставови во врска за Буџетот кој владата го донесе во рекордно брз период а за исто толку експресно брзо време сака да го протне во Собранието од владеачката гарнитура и опозицијата.

Двете опонентски партии водат битки за парите. Власта тврди дека со овој предлог буџет ќе се намалува етапно буџетскиот дефицит, додека СДСМ не дава власта предизбори да го протне буџетот за кој тврдат дека е антидомаќински и ќе донесе нови долгови од 305 милиони евра.

Кој ќе биде победникот во оваа буџетска битка засега е неизвесно.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди