28 Март, 2024
0.0241

„Битката“ за буџетот ќе се води десет дена-Потоа распишување на избори!

Објавено во: Финансии 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

11 октомври е датумот до кој пратениците треба да одлучат за буџетот кој Владата го предложи за 2017 година. 

Според договорот од Пржино на 12-октомври Собранието треба да се распушти а претседателот Трајко Вељаноски да распише предвремени парлаентарни избори на 11-ти декември.

Според предлогот Владата бара тој да изнесува 3,3 милијарди евра од кои 450 милиони ќе бидат наменети за капитални инвестиции.

Жестоки дебати и контрадикторни ставови во врска за Буџетот кој владата го донесе во рекордно брз период а за исто толку експресно брзо време сака да го протне во Собранието од владеачката гарнитура и опозицијата.

Двете опонентски партии водат битки за парите. Власта тврди дека со овој предлог буџет ќе се намалува етапно  буџетскиот дефицит, додека СДСМ не дава власта предизбори да го протне буџетот за кој тврдат дека е антидомаќински и ќе донесе нови долгови од 305 милиони евра.

Кој ќе биде победникот во оваа буџетска битка засега е неизвесно.

Што, како, колку, за каде од Буџетот за 2017 година?

Сума од 438 милиони евра е предвидена за капитални инвестиции во предлог-Буџетот за следната година. Со вака планирана сума, власта се пофали дека ќе реализира историски највисок износ на капитални инвестиции.

Сепак, изминатите години се покажа дека износите што со буџетите беа планирани за капитални инвестиции, никогаш не се реализираа во целост, пред се затоа што првично планираните суми речиси секогаш се кратеа со ребалансите, а потоа дури и скратените износи не беа реализирани во целост.

Па така, за годинава првично беше предвидена сума од 416 милиони евра за капитални инвестиции, која потоа со двата ребаланси беше скусена на 366 милиони евра. 

За плати се предвидени 26,77 милијарди денари, а социјалните трансфери  92,7 милијарди денари. 

За исплата на пензии следната година во буџетот се планирани 833 милиони евра, што е за 42 милиони евра повеќе од сумата планирана за годинава. Во  предвидениот износ за исплата на пензии за следната година е вкалкулирано и планираното зголемување на пензиите што треба да се исплати со декемвриските пензии.

Во текот на 2017 година 51.214 милиони денари се наменети заисплата на пензии и во истите е вкалкулирано предвидено зголемување на пензиите за 5% во просек почнувајќи од ноемвриската пензија, со исплата во декември 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка