20 Април, 2024
0.0408

БИТКАТА ЗА ПАРИ ПОЧНУВА: Власта сака да го протне буџетот пред избори, СДСМ не дава!

Објавено во: Финансии 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Деновиве кои ни претстојат се очекува да ни донесат жестоки дебати и контрадикторни ставови во врска со Буџетот за 2017 година кој владата го донесе во рекордно брз период а за исто токку експрес брзо време сака да го протне во Собранието.

Меѓутоа, токму со спротивен став е опозицијата која со најмногу поднесени амандмани ќе го кочи изгласувањето и брзањето со буџетот за кој тврди дека е недомаќински и нереален .

„Интенцијата е по секоја цена да се донесе буџетот, дури и да се пробие рокот за распуштање на парламентот на 12 октомври. А тоа многу веројатно и дека ќе се случи бидејќи времето е прекратко“, предупредуваат од СДСМ.

Власта пак без дилеми за временото финансирање.

Од партијата на Никола Груевски велат дека  буџетот треба да се донесе.

„Ако СДСМ евентуално победи на изборите може да направи ребаланс и промени, тоа не е ништо страшно. Се‘ друго е од политички побуди. Дека ќе имаме жестока дебата и спротивставени ставови, тоа не е спорно и така нека биде, па јавноста нека цени кој е во право. Но искрено, не очекувам некакви непредвидни случки од типот на оние што се најавуваа од страна на дополнителниот заменик министер за финансии, бидејќи тоа воопшто нема да биде добро за никој“, посочи Крсто Мукоски од ВМРО ДПМНЕ.

 Буџетот за 2017 година според министерот за финансии Кирил Миноски е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3% наредната година. 

За плати се предвидени 26,77 милијарди денари, а социјалните трансфери  92,7 милијарди денари. Капиталните инвестиции се планирани во износ од 26,95 милијарди денари.

За исплата на пензии следната година во буџетот се планирани 833 милиони евра, што е за 42 милиони евра повеќе од сумата планирана за годинава. Во  предвидениот износ за исплата на пензии за следната година е вкалкулирано и планираното зголемување на пензиите што треба да се исплати со декемвриските пензии.

„Во текот на 2017 година 51.214 милиони денари се наменети заисплата на пензии и во истите е вкалкулирано предвиденозголемување на пензиите за 5% во просек почнувајќи одноемвриската пензија, со исплата во декември 2016 година“, стои во предлог Буџетот за догодина.

Буџетската дупка во ПИОМ зголемена за 20 милиони евра

Но, за да ги исплати пензиите во износ од 833 милиони евра на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување догодина ќе му недостасува сума од 452,5 милиони евра. Овој износ, Фондот за ПИОМ ќе го добие од Буџетот на државата.

И годинава се зголемува сумата што му недостасува на Фондот за да може да исплати пензии. Односно, буџетската дупка во Фондот планирана за следната година е за 20 милиони евра поголема од таа што е планирана за годинава.

За годинава на Фондот за ПИОМ му се потребни 791 милиони евра за пензии а му недостасуваат 432,6 милиони евра, кои ќе треба да ги добие од Буџетот на државата.

При тоа, економистите постојано алармираат дека Фондот за пензиско е неодржлив затоа што од година во година му недостасуваат се повеќе пари за да исплати пензии и мора да му бидат префрлени од Буџетот на државата.  

Проблемот на државниот пензиски фонд што се провлекува  последните години, а чија суштина е константен дефицит е присутен и во буџетот за 2017 година, при што потребата од трансфери од други нивоа на власт, а тоа е буџетот на државата само се зголемува, вели економскиот аналитичар Слободан Најдовски.  

„Приходите по основ на придонеси од плати за ПИОМ се повеќе се намалуваат во однос на вкупните расходи на ПИОМ. Тоа покажува дека се намалува учеството на изворните приходи на ПИОМ, објаснува Најдовски.

Анализата на податоците од последните три години покажува дека соодносот на приходите по основ на придонеси од плата во вкупните приходи, во 2015 година изнесувала 56,05%, потоа во 2016 година 54,91%, додека за додгодина ќе изесува 54,61%. А паралелно со тоа се зголемуваат и трансферите од буџетот во ПИОМ.

План за 2015 год.

План за 2016 год.

План за 2017 год.

1.Вкупни приходи

56.801.672.000 

61.540.350.000

63.934.697.000

2.Сопствени извори во кои влегуваат и придонеси

32.963.460.000

34.931.463.000

36.021.020.000

Само придонеси

31.838.710.000

33.796.463.000

34.966.720.000

Учество на придонесите во вкупните приходи

56,05%

54,91%

54,61%

3. Трансфери од буџет

23.838.212.000 

26.608.887.000 

27.832.577.000 

Учество на трансферите во вкупните приходи

41,96%

43.23%

43,53%

„Приходите на ПИОМ кои за 2017 година се предвидуваат на ниво од 63 934 697 година а кои се во однос на 2016 зголемени за 3.89 % привидно покажуваат смирувачка слика . Зошто привидно  бидејќи за 0.30 % се намалува учеството на приходи од придонеси од плати, односно ако 2016 година се планира  придонесите да учествуваат со 54.91 % сега се планира да учествуваат со 54.61 %, заклучува Најдовски.

ДЗР: Се поголема зависност на Пиом од државниот буџет

Иако и за следната година е планирано да се зголемат приходите на Фондот за ПИОМ, сепак неговата зависност од парите што ги добива од централниот буџет за да може да исплати пензии и натаму не се намалува.

Токму ова, го констатираше и Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за ПИОМ за минатата година.

„И покрај тоа што по основ на наплата на придонеси од плата во 2015 година се остварени приходи за 7,8 отсто поголеми во однос на 2014 година, нивото на обезбедени средства не обезбедува непречено функционирање на Фондот за ПИОМ, поради што континуирано со Буџетот на РМ се предвидуваат средства за покривање на дефицитот по пат на трансфери од Централниот Буџет. Фондот за ПИОМ во текот на 2015 година за навремена исплата на пензиите во воспоставените рокови за секој месец има користено позајмици од Буџетот на РМ кои тековно ги враќал со средства од сметката на која се врши уплата на придонесот од пензиско и инвалидско осигурување“, се наведува во ревизорскиот извештај“.

Државниот ревизор дополнително забележува  и на тоа што минатата година, беше обелоденето дека државниот фонд не го уплаќал задолжителниот процент во приватните пензиски фондови, што пак има влијание врз начинот на менаџирање на средствата од страна на приватните пензиски друштва.

Откако информацијата беше обелоденета во јавноста од Фондот за ПИОМ иако прво негираа, подоцна признаа дека не ги уплаќале парите. Вината се обидоа да ја префрлат на МАПАС, од каде пак тврдеа дека немаат никаква одговорност.

По неколку неделните препукувања во јавноста, Фондот за ПИОМ одеднаш најде 11,3 милиони евра колку што енмаше упалтено, и ги префрли на приватните пензиски друштва. Сепак, во јавноста остана фактот дека сето  тоа беше на штета на околу 400 илјади членови на приватните пензиски фондови, затоа што нивните пари навреме не биле префрлени, а со тоа им било ускратено правото за нивно инвестирање и оплодување во периодот во кој парите не биле префрлени.

За капитални инвестиции...

Сума од 438 милиони евра е предвидена за капитални инвестиции во предлог-Буџетот за следната година. Со вака планирана сума, власта се пофали дека ќе реализира историски највисок износ на капитални инвестиции.

Сепак, изминатите години се покажа дека износите што со буџетите беа планирани за капитални инвестиции, никогаш не се реализираа во целост, пред се затоа што првично планираните суми речиси секогаш се кратеа со ребалансите, а потоа дури и скратените износи не беа реализирани во целост.

Па така, за годинава првично беше предвидена сума од 416 милиони евра за капитални инвестиции, која потоа со двата ребаланси беше скусена на 366 милиони евра. Од оваа планирана сума, до крајот на јуни, односно во првите шест месеци од годинава, реализирани се капитални инвестиции од 128 милиони евра, или само 35% од сумата планирана со последниот ребаланс.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин