Биткоин милијардерот и гуру Новограц со најамбициозен план во крипто треската
Објавено во: Економија 12 Јануари, 2018
Милијардерот Мајкл Новограц ги претстави плановите за покренување на инвестициони банки кои би овозможувале инвестирање засновано на дигитални валути и блокчејн.
Целта е банката да биде листирана на канадската берза TSX.
Тргувачот од Волстрит планира да собере 200 милиони долари ако иницијалната јавна понуда (IPO) на неговата компанија биде успешна.
Компанијата “Galaksi Digital“ гради „најдобар во класата, со сите услуги, меѓунареден рејтинг, банкарски инвестиционен бизнис во областа на дигитални валути и блокчеин простор“, го цитира Блумберг Новограц.
Galaksi Digital, наводно, ќе се фокусира на области како што е трговија, вложување, управување со имот, и советодавна работа. Новограц ја опишува новата компанија како крипто Goldman Saks, тврдат добро упатени извори.
Сепак, новата компанија нема да понуди никакви услуги за американските граѓани.
Биткоин инвестициониот гуру, како го нарекуваат, планира да купи канадски старт ап фонд First Coin Capital Corp. Потоа се очекува да се спои со канадската фирма, Bradmer Pharmaceuticals. Новонастанатиот ентитет ќе се користи за собирање на 201 милиони долари приватен капитал наредниот месец.
Петприемачот наводно на новата компанија ќе ги потроши сите свои инвестиции-скоро 400 милиони долари од биткоин, иницијални понуди на коин и удели во неколку дигитални стартапи.
Основањето на крипто инвестициони банки е најамбициозен проект кој се појави насред крипто треската. Новограц во декември ја отфрли идејата за покренување на својот посакувано очекуван крипто хеџ фонд, правдајќи се на неповолни пазарни услови,
Милијардерот, кој бил многу гласен по прашање на криптовалути во последните години, предвиде дури и дека биткоинот ќе вреди 40 000 долари до 2019 та. Новограц оценил дека инвеститорите вложуваат пари во дигитални валути по недостиг на доверба во финансиските институции, по економскиот колапс од 2008.