Биткоин надмина 1 000 долари за прв пат од 2013 година
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2017
Дигиталната валута биткоин ја помина границата од 1 000 долари за прв пат во последниве три години, пренесува Ројтерс.
Поскапе за 2,5% до 1 022 долари и тоа е највисоко ниво од декември 2013 година.
Новинската агенција предупредува дека биткоинот е силен и потсетува дека за два месеци при крајот на 2013 година поскапе до над 1 100 долари, а потоа за неколку недели падна до под 400 долари поради хакерски напад во седиштето во Токио на електронска берза.
Во 2016 година најголемиот дневно движење на валутата беше во рамките на 10% и иако во последните две години таа да е доста постабилна, тоа пак е сериозна нестабилност во споредба со останатите валути.
Сега дигиталната валута може да биде интересна и за Индијците.Во оптек има се повеќе биткоини - 12,5 се додаваат во системот на секои 10 минути. Вкупната вредност на биткоините се проценува на 16 милијарди. долари.