БИТКОИНОТ ГИ ДОТОЛЧИ: Заспаа како милијардери, се разбудија ...
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2018
Камерон и Тајлер Винклвос, близнаци кои станале милијардери благодарение на експлозивниот раст на биткоиниот и други дигитални валути, преку ноќ прилично изгубија.
Во изминатиот месец, пред нивни очи, вредноста на нивната дигитална валута падна повеќе од третина, за дури 37 отсто.
Биткоинот во среда падна под 10 000 долари, што за секој од браќата значи минус од 443 милиони долари, оставајќи ги со 739 долари вреден имот, барем на хартија, покажува индексот на милијардери на Блумберг.
Биткоинот претходниот ден ослабна за околу 10 отсто и падна на ниво под 10 000 долари, прв пат од 1 декември лани. Најголема вредност забележа точно пред месец дена, кога на 18 декември вредеше 19 511 долари.
Сепак, браќата близнаци не изгледаат премногу загрижени. Нивната намера била биткоинот долгорочно да го задржат, очекувајќи дека моментално вредноста ќе надмине 10 до 20 пати.Тоа во декември го изјавил еден од браќата , Камерон Виклвос.