28 Март, 2024
0.0234

Бивши кошаркар засадил плантажа со бадеми

Објавено во: Агробизнис 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Бившиот кошаркар на Цедевита, Мате Милиша засадил плантажа со бадеми. 

Се работи за 200 хектари површина во близина на Задар. 

Плодови се очекуваат за две до четири години, а потенцијал за овој бизнис има затоа што Хрватска произведува бадеми само за 20% од своите потреби, плус бадемите се доста барани во светот. 

„Иако некогаш бевме добри во ова производство, сега е запоставено. Уверен сум дека мојот проект ќе донесе квалитет“ - вели Милиша. 

Тој добил државно земјиште под закуп. Дел од садниците се веќе засадени, а  дел допрва ќе бидат засадени. 

Вели дека бизнисот е скап и планира сериозно да се занимава со производство на бадеми, инаку не би се впуштил во оваа дејност и да вработува луѓе. 

На хектар очекува род од 4 тони, а цената е од 25 до 60 куни по килограм. 

Во светот годишно се произведуваат 2 милиони тони бадеми, а најголеми производители се Италија и Шпанија, а зад нив се Иран, Мароко и Португалија. 

Се поголем замав зема САД, а Хрватска произведува 1800 тони бадеми на годишно ниво. 




Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи