20 Април, 2024
0.0271

БИЗНИС ФАЦИ, ЗОРАН ВИТАНОВ: Жешки зборови во тешки времиња !

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Преку функционер во извршната власт и пратеничка позиција – до бизнисмен кој сега го освојува балканот. Зоран Витанов, економист, својата политичка кариера ја започнува во 2001 година, кога беше именуван за заменик министер за економија. Во неговото политичко “досие“ се вбројува и пратеничкиот мандат 2006/2008 година, период во кој тој е и член на парламентарната комисија за финансии и буџет и парламентарната комисија за транспорт, градежништво и економија.  Во октомври 2003 станал потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија(СПМ), каде што остана до декември 2007 година . По неговото повлекување од политичката сцена, Витанов се посветува на консалтингот и бизнисот.

Под критичка лупа – долговите и криминалот !

“Јас, Зоран Витанов, не сакам да играм српско оро, зашто сум Македонец
и сум избран од граѓаните да го штитам не само државниот, туку и
македонскиот национален интерес, вели пратеникот, кој завчера реши да
дејствува независно, но не ја напушти Социјалистичката партија“ – со овие зборови во 2008 година Зоран Витанов го најави своето независно парламентарно делување, напуштајќи ги раководните органи на Социјалнистичката партија, но не и самата партија.

По повеќе од осум години од неговата политичка апстненција, Витанов сега е еден од најгласните критичари на вкупните економски политики. Од позиција на бизнисмен, со економско образование, не штеди зборови, аргументи и факти за да ги поткрепи своите ставови.

“Ние дневно, благодарение на досегашната Влада предводена од Груевски и од Ахемти, значи дневно плаќаме 400 илјади евра во кеш само за остплата на камати. Свесни ли сме што значи тоа? И сега јас треба да ги “тинтрам“ Груевски и Ахмети. Па поддржувачи на Ахмети на пример, седат дома а примаат плата. Токму затоа сега овој двоец не го интересира ниту 10% од државотворност или општествено корисна работа, сега за работи за спасување на гола кожа“, изјави Зоран Витанов непосредно по официјалнизарње на изборните резултати од предремените парламентарни декемвриски избори во 2016 година.

Во една од своите изјави за “Фактор“, неодамна Витанов, прогнозираше дека постизборно, земјата ја чекаат тешки денови.

“Буџетот е празен. Први позиции на кои ќе се рефелектира, односно одрази сегашната состојба се ПИОМ и долговите на ниво на државата. Стопанството има врзано многу пари за државата и тоа веќе нема да може да го издржи товарот, односно со свои пари да ги финансира сегашните економски политики. Доколку се оддржат изборите на 11 декември, постојат две сценарија. Прво доколку се случи промена на власта, односно победи друга опција, тогаш таа ќе мора да ја соопшти вистината за економијата, а таа воопшто не е добра. Во второто сценарио, доколку победи Вмро- Дпмне, тие ќе сакаат и ќе направат се да го искористат периодот не за економските спас на земјата туку за да опстојат на власт од лични, персонални побуди поврзани со отворените истраги за можни криминали“, рече Витанов.

Медиумски, дежурен критичар и аналитичар, не само на економските туку и на политичките констелации, зад камерите Витанов е основач на ЦЕФЕ Македонија – фирма која е целно посветена на тренинг и обука на преприемачи. 


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?