23 Април, 2024
0.0256

Бизнис империјата на Трамп: од облакодери до водка

Објавено во: Стил 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Бизнис империјата на милијардерот Доналд Трамп, кој беше избран за претседател на САД, вклучува не само недвижности, тој поседува и голем бизнис, модна куќа и слично. Од 515-те средства кои кандидатот на републиканците ги наведе во даночната изјава, во 264 присуствува зборот „Трамп“, а во уште 54 ги има неговите иницијали.

Меѓу тие брендови се Trump Drinks Israel (енергетски пијалаци), Trump Ice (минерална вода), Trump Carousel, Trump Classic Cars, Trump Vineyard Estates и др. Трамп сепак има и неуспеси во бизнис досието - 4 банкротирани казина, универзитетот Трамп, хипотеки Трамп, авио и водка Трамп.

Меѓу имотот на американскиот претседател е новиот хотел „Trump International Hotel“ во Вашингтон, познат уште како „Старата пошта и Саат кула“. Тоа е историска зграда, изградена во 1899 година и се наоѓа на авенијата Пенсилванија, непосредно до Белата куќа. Според „The ​​New York Times“ инвестициската група на Трамп е „лавиринт од долгови и нетранспарентни односи“.

Изданието проценува дека вкупниот долг на неговите фирми е минимум 650 милиони долари. Сепак, новиот хотел на Трамп е едно од најсоодветните места, на кои тој може да ја организира прославата по повод стапувањето на должност како претседател на САД.

Друг познат имот на Трамп - е канцеларија облакодер со адреса 555 California Street, кој во текот на неколку години беше највисоката зграда на Западниот Брег. Друга недвижнина која Трамп  ја има е „Trump National Golf Club“, лоциран токму на брегот на Пацификот - во град наречен Ранчо Палос Вердес кој е во близина на Лос Анџелес. Ова не е само место за средба на богатите и славните, туку Трамп ја дава територијата за изнајмување и снимање на филмови и реклами.

Доналд Трамп се занимава и со друг љубопитен бизнис. Тој пушти во продажба свој парфем: мирисот Empire за „самоуверени мажи“ и Success - “инспиративна комбинација од свежа смрека и рибизли, измешано со коријандер“. Американскиот претседател има и моден бизнис. Неговата модната агенција „Trump Models“ се наоѓа во Њујорк и е основана во 1999 година.

Од модни куќи до комплекси со неговото име како „Trump Palace“ во Њујорк, облакодерот „Trump Tower“ американскиот претседател е сопственик на уште десетици бизниси, а неговата состојба се проценува на 3,7 милијарди долари според списанието „Forbes“, а според него тие се 10 милијарди долари.

„Внатрешно Трамп е како 7-годишно момче кое се крие зад лушпата на еден стар човек. Тој може да изгледа атрактивно во разговор лице в лице, но тој е исклучително недисциплиниран во интелектуален, емоционален, финансиски и општествен план“, смета новинарот Тимоти О'Брајан. 

О'Брајан е автор на книгата „Нацијата Трамп“ и беше туженод Доналд Трамп, бидејќи во книгата пишува дека тој е милионер, а не милијардер. Бизнисменот побара компензација од новинарот од 5 милијарди долари, но на крајот го загуби случајот.

Според биографијата Трамп почнува да влегува во политиката откако неговата кариера како бизнисмен постепено се искривува. Инвеститорот стана и ѕвезда на ТВ шоу, но останува човекот кој го користи името во сè - од високите згради до водката и долната облека.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган