БИЗНИС КОЈ ЦВЕТА ВО БЕЛГРАД: Стан на ден и имаш 600 евра
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2017
Во Белград во последните месеци се покренати над десетина сајтови за изнајмување на приватно сместување на дневно ниво.
Над илјада станови моментално се на располагање на гостите, пишува Политика во денешното печатено издание.
За издавање на еднособен стан во центарот на Белград сопствениците месечно може да заработат од 200 до 300 евра, додека за рентање на овој простор на ден во текот на еден месец може да земат и двапати повеќе пари.
Ова е едноставна пресметка која многу сопственици на недвижнини во главниот град, но не само во центарот, туку и на периферијата, за могу кратко време ги вовлекла во овој бизнис.