28 Мај, 2017
0.1447

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Фудбалски менаџер со „дебела“ провизија

Објавено во: Финансии 14 Мај, 2017

Во еден од најголемите фудбалски трансфери во историјата, тежок преку 100 милиони евра, кога Французинот Пол Погба од Јувентус преминал во редовите на Манчестер Јунајтед, „најсреќниот крај“ го „извлекол“ менаџерот.

Трансферот на Погба бил вистинска сапуница минатото лето која имала хепи енд за сите страни. Но, најдобро во целата приказна поминал менаџерот на Погба Мино Раиола, кој од рекорден трансфер од 105 милиони евра добил 49 милиони провизија.

Таа информација е објавена во книгата „The Football Leaks: Нечистите бизниси во фудбалот“, која минатата недела ја објавија новинарите на весникот Шпигел.

За овој трансфер се заинтересирала и ФИФА, која веднаш побарала документација од Манчестер.

Според наводите од спомнатата книга, делот од колачот на Раиолин изнесувал 27 милиони евра, а преостанатиот износ ќе го наплати од 22 милиони евра во рати од Манчестер, благодарение на одредбите кои ги уфрлил во договорот на Погба.

„Не ги коментираме поединечните договори. ФИФА ги поседува сите документи од моментот кога трансферот е заклучен“, изјавил по овој повод портпаролот на Манчестер.

Раиола е еден од најуспешните фудбалски менаџери а покрај Погба, го застапува Ибраимовиќ, Лакакуа, Балотели ...

Мино говори дури седум јазици што и му помогнало да изгради кариера на суперагент. На трансферите „свртел“ околу 500 милиони евра, а на своите „фигури“ секогаш им договарал сјајни договори, а себе си одлични провизии.

Можеби ќе ве интересира

ВРТОГЛАВИ СУМИ: Ова се најдобро платените директори во светот

ВРТОГЛАВИ СУМИ: Ова се најдобро платените директори во светот

Три совети на претприемач мултимилионер до кои ќе посакате да се придржувате

Три совети на претприемач мултимилионер до кои ќе посакате да се придржувате

9 вредни нешта кои успешните луѓе во бизнисот ги прават поразлично од останатите

9 вредни нешта кои успешните луѓе во бизнисот ги прават поразлично од останатите

Професии за кои не знаевте дека постојат а може да ви донесат илјадници долари

Професии за кои не знаевте дека постојат а може да ви донесат илјадници долари

Цитати кои најдобро ги опишуваат парите и колку тие се „важни“: „Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати“

Цитати кои најдобро ги опишуваат парите и колку тие се „важни“: „Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати“

Од чување куче до пеглање: Тројца млади создале сајт на кој заработуваат студенти и домаќинки

Од чување куче до пеглање: Тројца млади создале сајт на кој заработуваат студенти и домаќинки

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Совети: Како да се искачите на кариерната скала и да успеете на врвот?

Совети: Како да се искачите на кариерната скала и да успеете на врвот?

ИСКУСТВО ШТО ВРЕДИ: Што научив од еден викенд со мултимилионер

ИСКУСТВО ШТО ВРЕДИ: Што научив од еден викенд со мултимилионер