25 Април, 2024
0.0353

БИЗНИС СО СУВЕНИРИ: Прилепско семејство тврди дека од оваа работа може да се живее

Објавено во: Економија 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Од оваа работа има профит, но за жал кај нас, во специјализираните продавници за рачни изработки се помалку се цени рачната изработка и се трудат да го донесат кинескот кич кој е поевтин и не е оригинален, раскажува 40 годишната Драгица Велкоска од Прилеп.

Таа веќе 4 години се занимава со изработка на сувенири, кои ги продава во специјализирани продавници во домашните туристички центри, но и во други делови на земјата. Сувенирите ги прави сама, а при продажба и помага сопругот.  Во оваа работа многу ѝ помогнал нејзиниот талент, занимавањето со уметност цели 13 години и сликањето во повеќе техники.

„Пред 4 години бев понесена од убавите македонски етно шари и богатата традиција  и посакав тоа да го преточам  на една слика.  До идеја за еден ваков бизнис дојдов покрај мојот сопруг и еден негов пријател кој ни предложи за потребите на неговата сувенирница во Охрид да изработам вински шишиња со разни етно везови и слики. Во нашата семејна куќа имаме деловен простор кој воедно е и изложбен салон каде ги изложувам сите мои креации, а ги има во голем број.  Во врска со изработката работам сама, а во делот на продажбата имам помош од мојот сопруг“ – вели Велкоска.

Околу изработката, раскажува дека за различни сувенири е потребно различно време и труд за да се направат, зависно од материјалот.

„На пример за глинените производи е потребно повеќе време бидејќи има кај нив повеќе процеси додека да се дојде до крајниот производ. Тие процеси се боење, сушење, цртање, па повторно сушење и на крај лакирање, односно временски период од 3-4 часа, додека кај цртањето на порцелан и на стаклени шишиња времето е пократко и изнесува 2-3 часа. Секако, зависи и што треба да  се нацрта, полесно е изработка на етно везови отколку  цртање на слика.  Најчесто користам готови глинени производи,  порцелан, дрвени лажици,  даски и стаклени шишиња полни со вино“ – додава Велкоска.

Таа вели дека оваа работа иако носи профит, сепак е сезонска и мора да се работи нешто друго во остатокот од  годината.

„Сакам да напоменам дека оваа роба најчесто ја бараат и ја купуваат странски туристи, кои многу повеќе го  ценат и почитуваат оригиналот од кинескиот кичерај.  Со добра организација на работата и трошоците може да се заработи од оваа работа, но проблем е што оваа работа е сезонска и трае само неколку месеци“ – рече Велкоска.

Велкоска вели дека  освен сувенири, прави украсни чинии,  чаши,  слики изработени со камчиња, но сепак таа е задоволна и си обезбедува егзистенција од својата работа. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ