Добивај вести на Viber
Благ раст на европските берзи откако добрите податоци од Кина ги неутрализираа лошите германски резултати од третиот квартал годинава.
Лондонскиот „ FTSE“ порасна за 0,2% на 5.811 поени, франкфуртскиот „DAX“ за 0,3% на 7.197 поени, а парискиот „CAC“ за 0,6 % или 3.425 поени.
„Податоците од Кина се поттикнувачки. Не сметам дека ова ќе ја извлече глобалната економија од калта во која се наоѓа, но би можела да наведе на внимателност при продавањето на акции“, вели Мајкл Хјусон од агенцијата „CMC Markets“.
Рударските акции беа најголеми добитници со 0,6%, а акциите на „Antofagast“ скокнаа 2%, на „Eurasian Natural Resources“ 1,9% и на „Kazakhmys“ за 3%.
Последниот раст на акциите ги ограничи негативните податоците на институтот Ифо за неочекувано влошување на деловната клима во Германија во октомври, како и податоците за пад на активностите во компаниите во производниот и услужниот сектор во еврозоната.