24 Април, 2024
0.0264

Благ раст на светските берзи

Објавено во: Свет, Финансии 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Берзанскиот индекс  на Вол стрит за среда порасна благодарение на подобрите макроекономски движења од очекуваните.Сепак , позначајниот раст беше избегнат бидејќи компанијата Хјулит-Пакард даде остри проценки за намалување на идните оперативни резултати. Индексот „Dow Jones“ порасна 12 поени или 0,09%, додека S&P 500 забележа раст од 0,36% па стигна до 1.450 поени. И кај „Nasdaq“  индексот се бележи раст од  0,49%, односно 3.135 поени. На самиот почеток на вчерашното тргување цените на акциите забележително пораснаа, откако најголемата американска агенцијаза вработување(АДП), објави дека во септември во приватниот сектор се отворени 162.000 нови работни места, повеќе отколку што се очекувало, но сепак помалку за 20.000 од август. Инвеститорите беа охрабрени од фактот дека индексот „ISM“ во септември се зголеми од 53,7 на 55,1 поени, наспроти проценките на аналитичарите кои очекуваа пад во индексот. "Податоците од АДП се добри, како и активности во услужниот сектор, но тоа е недоволно за поголем раст на пазарите. Сепак, извештајот за вработувањата,  кој ќе биде објавен во петок, може да ги охрабри инвеститорите ", рече Џек Де Ган, управен директор на Харбор Адвајзори. Податоците за вработувањата обично значително влијаат на пазарот во еден или друг правец, па овој извештај секогаш привлекува најголемо внимание. Според анкетите на Ројтерс аналитичари проценуваат дека во септември бројот на вработени се зголемил за околу 115.000, додека стапката на невработеност може да порасне од  8,1 на 8,2%. „S&P“ индексот на енергетскиот сектор индекс падна 1,1 %, поради што и цената на акциите на Шеврон падна за 1,5 проценти. И вчера на европските берзи се тргуваше внимателно. Лонднскиот FTSE зајакна 0,28 отсто% на 5.825 поени, додека во франкфуртскиот DAX индекс 0,22 % или 7322 поени. Парискиот CAC падна за 0,24% на 3.406 поени.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница