25 Април, 2024
0.0274

БЛОКИРАНИ СМЕТКИ: Повеќе од 167 илјади блокирани сметки на граѓани!

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Заклучно со април, вкупниот број на блокирани сметки на граѓани и на фирми изнесувал 232 292 сметки под блокада. Новите податоци на Народната Банка покажуваат дека во однос на март, бројот на блокирани сметки се намалил за 13 038 сметки. Доколку се направи споредба  во однос на состојбата на крајот од декември, кога биле блокирани 217 178 сметки, податоците покажуваат дека на крајот од  април, бројот на блокирани сметки се зголемил за 15 114 нови блокади. Во анализираниот период се забележува намалување на бројот на блокирани сметки на фирмите, но пораст има кај бројот на блокирани сметки на граѓаните. Број на блокирани сметки на физички лица 167 306 Број на блокирани сметки на правни лица   64 986 Алармира податокот дека за четири месеци, односно од крајот на минатата година до крајот на април, бројот на блокирани сметки на граѓани се зголемил за 15 762 ново блокирани сметки. Податоците на НБМ покажуваат дека заклучно со април под блокада биле 70 066 граѓани, кои  поседуваат 167 306 блокирани сметки во различни банки. На крајот од четвртиот месец, под блокада пак биле 41 736 компании. Во однос на март е регистриран тренд на намалување на бројот на блокирани граѓани и фирми, но во однос на декевмри лани, но и во однос на истиот месец од 2014, се забалеѓува значајно зголемување на бројот на блокади. Еве како се движеше состојбата со блокирање на сметките на граѓаните: Блокирани физички лица, април 2015       70 066 Блокирани физички лица, април 2014       44 088 Блокирани физички лица, април 2013       33 463 Блокирани физички лица, април 2012       24 950 Ова покажува дека само за три години, бројот на блокирани граѓани се зголемил за 45 116 ново блокирани граѓани. Слична е состојбата и во приватниот сектор, каде од година во година се регистрира тренд на зголемување и на бројот на блокирани сметки и на бројот на блокирани фирми. Во април под блокада биле 111 802 депоненти ( граѓани и фирми). Се работи за блокади поарди конечни и извршни решенија за присилна наплата поради заостанати долгови кон банки, државата итн. На крајот од четвртиот месец имало 3 734 975 отворени сметки и во однос на март е регистрирано намалување на сметките за околу две илајди. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?