Блокирано метрото во Атина, вработените 6 дена на штрајк
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2013
Веќе шести ден трае штрајкот на вработените во атинското метро иако судот вчера им нареди да се вратат на работа и наведе дека штрајкот е незаконски, пренесоа грчките медиуми.
Синдикатот на вработените од метрото во Атина протестираат против планираното намалување на наградите на плата. Законот предвидува платите да бидат намалени за 25 отсто, но синдикатите тврдат, дека тоа ќе биде 50 процентно намалување.
Освен вработените во метрото, штрајкуваат и службениците во трамваите, автобусите и тролејбусите, а сообраќајот низ Атина е сериозно отежнат.