28 Март, 2024
0.0439

Исланд: Богатство кое врие под земјата!

Објавено во: Анализа 14 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Цели 85% од населението во Исланд се загрева благодарение на геотермалната енергија. Исто така феноменални 81% од енергијата која ја произведува земјата доѓа од геотермални извори. Кога сме кај електричната енергија, таа е 100% од обновливи извори. И тоа 70% од хидроцентрали, додека 30% од геотермални извори. Исланд е земја која само 320.000 жители. Оваа држава е една од најбогатите по БДП по глава на жител. Земјата се соочи со голема банкарска криза која успешно ја победи. Не знаеме дали сте ги знаеле овие горни податоци, но тие се навистина точни. Земјата има уникатен геолошки состав кој и овозможува огромно производство на обновлива електрична енергија, нешто за кое светот само може да сонува. Исто така освен овој ресурс земјата нема никакви други природни резурси и сега бара начин како уште подобро да ја искористи оваа шанса која природата и ја дала. Само 17% од прозведената енергија се продава на домашните компании и домаќинства. Едноставно толку се потребите во оваа држава што е колку пола Скопје по бројот на жители. Остатокот се продава на компанијата Алкоа кои има операции во оваа држава и која е тука во основа поради многу ниската цена за енергијата која компанијата треба да ја плати. Алкоа има фабрика за топење на алуминиум, за оваа активнст е потребна голема количина на струја и токму поради тоа во Исланд има вакви компании. И на ваков начин, голем дел од потенцијалот останува неискористен. Сепак се бара начин да се дојде до Европската Унија која со нејзините 500 милиони жители е те како е гладна за електрича енергија. Работата е што треба да се најде начин како да се премостат скоро 2.000 километри што ја делат оваа земја со Европското копно. Доколку во такво нешто успеат ислаѓаните или поточно компанијата која ја продава струјата, а патем речено е државна ќе наплати навистина многу убаво. Колку во моментов Исланд и наплаќа на Алкоа е тајна, но според некои анализи таа цена е исклучително ниска споредено со она што може да го добие на ЕУ пазарот. Е сега како што кажавме за да може да дојде струјата до Европа потребна е спојка, првин со Шкотска (тоа е релативно блиску), потоа и со континетална Европа. Ова би бил најголемиот ваков преносник на енергија во светот. Инаку најголем ваков кабел има помеѓу Норвешка и Холандија и истиот би бил три пати помал меѓу оној на Исланд со Европа. Таквата операција си има своја цена Најпрвин за онаа финансиска цена...Вкупно 2 милијарди долари ќе бидат потребни за овој проект. Тоа за економија како Исланд не е неподносливо. Но има и уште една друга причина. Луѓето во оваа земја не се глупави, тие и без овој извоз се доволно богати и голем дел од нив смеаат дека нема потреба да се троши нивното богастрво за да се осветлуваат градови во Европа. Голем дел од луѓето сметаат дека така ќе се нарушат нивните вредности и се за што тие како луѓе се залагаат. Овие луѓе сметаат дека и сега Исланд живее во доволна благосостојба. Од друга страна оние кои се про оваа иницијaтива смеаат дека на ваков начин Исланд не само што ќе профитира туку и веќе нема да има потреба да склaдира електрична енергија и да троши пари за тоа. Значи доколку е потребно ќе може и да увезе струја. Сепак иако обновливата енергија во основа има неограничен потенцијал потребни се доста големи инвестиции за полно искористување. Исланд не сака веднаш да стане Саудиска Арабија на геотермалната енергија и за почеток, како што вели Гудни Јохансен директорот на националната енергетска асоцијација, доволно е да го снабдуваат Париз. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот