28 Март, 2024
0.0292

БОГАТАШИ СОВЕТУВААТ: Може ли да се збогатите без работа?

Објавено во: Финансии 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во книгата „How the rich get rich“ Џеф Хајден ја сподели  информацијата која ја добил со собирање на информации од 400 пријави на данок на доход од лица кои имале најмногу бруто приходи.

На тој начин открил 400 поединци кои најмногу заработиле во 2009 година што е очигледно за американската даночна управа „свежа“ година.

Иако овие податоци може да бидат дури една варијанта на реалноста, Спектрем групата, која проучила 132 000 Американци кои поседувале повеќе од 25 милиони долари, изнела информации за тоа како богаташите тврдат дека ги заработиле своите пари.

Еве што рекле дека допринело за нивниот успех:

Напорна работа: 87 отсто

Образование: 78 отсто

Паметно вложување: 72 отсто

Ризик: 63 отсто

Штедливост: 59 отсто

Тоа што биле на вистинско место во вистинско време: 56 отсто

Среќа: 53 отсто

Водење на работа: 46 отсто

Помош на советник: 35 отсто

Наследство: 30 отсто

Очигледен заклучок е дека се исплати напорно да се работи, бидејќи речиси сите богаташи на светот и тоа како се намачиле додека не доживеале плод на работата во која денес уживаат.

Исклучително е важно и образованието, без разлика колку многумина се труделе да го намалат неговото значење.

Иако мора да напоменеме дека во истражувањето не е направена разлика помеѓу формалното образование и неформалната едукација. Во секој случај, луѓето кои се успешни истакнуваат колку е важно константно подобрување на знаењето, и да се стекнуваат и усовршуваат различни вештини и искуства.

Ризикот е мајка на храброста, па повеќе од половина испитаници изјавиле дека преземањето на ризични чекори ги довело до места на кои се денес. Треба додуша да се истакне дека постои разлика помеѓу слепото ускокнување во ситуации за кои ништо не знаете и интелигентен ризик, во кој образованието и искуството играат клучни улоги.

Но треба да знаете и да го задржите она што сте го заработиле, бидејќи повеќе од половина од испитаниците напоменале колку е важно да знаете да штедите. 

Немојте да заборавите дека сепак е добро ако имате среќа, а дека не одмага ниту наследувањето на нешто што може да го искористите како отскокна даска, т.е почетен капитал, пишува Бизнис инсајдер.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка