19 Април, 2024
0.0244

Богатата со нафта Норвешка може да се претвори во „зелената батерија“ на Европа

Објавено во: Анализа, Свет 18 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Нафтата и природниот гас, кои ја направија Норвешка богата, се исто така и основни фактори за климатските промени. Осло, сепак можеби има одговор на овој проблем, пишува Politico.eu.

Планините, езерата и реките на Норвешка можат евентуално да се претворат во нешто како џиновска батерија - поштедлива енергија генерирана од ветерници и соларни панели од каде и да е во Европа, а потоа ја праќаат обратно, кога надвор опадне добивката на обновлива енергија .

Идејата е да се користи вишокот енергија произведена од обновливи извори на енергија за транспорт на вода нагоре во резервоарите. Кога има потреба од електрична енергија, водата ќе биде испуштена, ќе минува низ турбините, а енергијата ќе претвори повторно во корисна електрична енергија.

Концептот изгледа е особено атрактивен за Европската унија, кој има намера да го промени својот пазар на електрична енергија во текот на следните неколку години, за да влијае на зголемениот удел на обновливи извори во системот. Европската комисија се очекува да го направи својот предлог за прашањето до крајот на оваа година.

Норвешка ќе може да достави значително количество енергија, кога „сонцето не грее и ветрот не дува; во време кога на Европа има потреба побрзо од големи количини„, изјави министерот за енергија на Норвешка Торд Лиен.

Идејата за „зелена батерија“ го радува и Марони Шефчовиќ, вицепредседател на ЕК задолжен за енергетската унија. „Норвешка, и покрај нивните екстензивни резерви на јаглеводород, развива обновливи извори и капацитетот за складирање на енергија на впечатлив начин“, објаснува Шефчовиќ.

Норвешка веќе е еден од најголемите производители на хидроцентралите. Земјата може да ги покрие речиси сите енергетски потреби со деривати од обилните езера и глечери. Тоа истовремено и овозможува на Норвешка да ја извезува речиси целата своја нафта и гас. Шефчовиќ, кој патува до Норвешка претходно оваа година, беше особено импресиониран од 1,2 гигаватовата централа Квилдал. Тогаш тој рече дека браната има поголем капацитет за складирање отколку што би имал кинескиот ѕид со „најсложените современи батерии од двете страни“.

Норвешка веќе ги почнува првите чекори кон промената - од снабдувачот на електрична енергија само на своите 5 милиони жители до суштински дел од енергетскиот систем на ЕУ.

Земјата извезува хидроенергија кон Холандија и разменува обновлива енергија со Шведска и Финска. Постојат и планови за слични „зелени“ размени со Германија и Велика Британија во следните пет години. Но најголемиот проект е со Данска, земја која се потпира значително на ветерот. Норвешка го внесува вишокот енергија од ветровитите централи на Данска и праќа назад хидроенергија кога ветрот не е толку силен, со тоа овозможувајќи и на Данска да се потпира на обновливи извори за околу 40% од своите енергетски потреби.

„Може да се види дека данскиот систем со толку многу ветер и многу малку основен товар нема да може да оперира без хидроцентралите“, изјави Ауке Лонт, извршен директор на Statnett, државната компанија одговорна за норвешката електрична мрежа.

Но, додека норвешките компании немаат трпение да ги зголемат енергетските врски со Европа, некои државни лица се претпазливи кон идејата „премногу премногу брзо“, велејќи дека уште има пречки во електричниот систем, кои треба да се исчистат. Приврзаниците сметаат дека поврзувањето со европските системи ќе има огромен потенцијал.

Употребата на норвешки хидроцентрали за обезбедување на стабилни енергетски резерви во земји кои се потпираат на обновливи извори е „најевтиното и можеби најеколошко решение“, смета Каспар Вераиде, професор од Норвешкиот Универзитет за наука и технологија.

Норвешка има повеќе од 900 хридоцентрали кои обезбедуваат околу 95% од домашната потрошувачка на електрична енергија. Од Осло велат дека можат да се произведуваат уште повеќе. Критичен елемент сепак е оддржување на струјата од Норвешка и достигнувањето до другите делови на Европа. Тука се потребни скапи подводни кабли, кои и овозможуваат на струјата да се пренесува напред и назад, каде што е потребно.

Според Кристијан Раининг-Тонесон, извршен директор на норвешката државна хидроелектричнакомпанија Statkraft, Норвешка лесно може да изгради уште подводни кабли.

Идејата за „зелена батерија“може да се претвори во реалност, но „не утре“смета сепак Лонт. „Не сакаш да создадеш револуција. Сакаш да го направиш како еволуција“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза