БОГАТСТВОТО НА ТРАМП СЕ НАМАЛИЛО: Каде се стопија парите?
Објавено во: Финансии 18 Октомври, 2017
За разлика од минатата година, американскиот претседател, Доналд Трамп сега располага со помалку пари.
Богатството на Трамп за само една година се „стопило“ за 600 милиони долари.
Намалувањето на богатството на Трамп според магазинот „Форбс“ се должел на „жестокиот
пазар на недвижнини во Њујорк“, посебно за малопродажните локации, скапите спорови и
скапата претседателска кампања. Според СНН, Трамп дури се договорил да плати 250 милиони
евра за тужбата дека ги измамил студентите на семинарот за недвижнини на „Трамп
Универзитетот“. На новата листа на Форбс Трамп со загубените 600 милиони долари, според
богатството падна на 96 место меѓу 400-те најбогатите Американци во 2017 година. Тој со нето богатство од 3,1 милијарди долари е на 248 место на најбогатите луѓе на
светот, што е голем пад во однос на лани кога американскиот претседател бил 156 на
листата на „Форбс“.