Богдановиќ ветува повеќе зеленило и чист воздух за Центар
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017
Саша Богдановиќ на претстојните локални избори официјално ќе се трка за општинската фотелја на скопски Центар.
Засега не се знае со кој противнички кандидат Богдановиќ ќе ги крши копјата бидејќи ВМРО ДПМНЕ најверојатно името на кандидатот ќе го чува во тајност до крајот на денот бидејќи вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи.
Богдановиќ како кандидат на СДСМ и коалицијата заедно со советничката група по локалните избори, вели дека ќе продолжи спочесниот одговорен и отчетен пристап на работа.
„Со нови начини на организирање на работата, достапност за граѓаните и навремени реакции, ќе наоѓаме трајни решенија за угледен и урбан Центар, Центар со повеќе зеленило и со чист воздух, повеќе спортски игралишта и велосипедски патеки, повеќе паркови и прифатилишта за животните, како и помош за социјално најзагрозените семејства во општината“, изјави Богдановиќ.