Богоевски: Не се плашите ни од кантонизации, ни од федерализации, вас ве плаши нешто друго
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017
Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски денеска во Собранието рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се плашат ни од кантонизација, федерализација, двојазичност или бинационалност.
Вели дека да имавме функционална власт досега Македонија можеби ќе беше ослободена од канџите на УБК.
На пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им рече дека додека САД, ЕУ и НАТО даваа милијарди на владата немале проблем.
„Свесни ли сте што правите? Ако не ја блокиравте работата цели 108 дена досега ќе расправавме за законот за конфискување за противправно стекнат имот, сега ќе расправавме за враќање на милијардите изнесени од државата“ - додаде Богоевски.
Тој ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги влошиле односите со сите соседи.