Богојески: Членовите на ВМРО ДПМНЕ им даваат поддршка на кандидати кои немаат проблематично минато
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2017
Поддршка од членовите на ВМРО ДПМНЕ според еден од реформаторите на партијата Петар Богојески добиваат оние кандидати кои немаат проблематично минато.
„Кандидатите кои се апсолвирани од страна на членовите на ВМРО ДПМНЕ и кандидатите кои немаат проблематично минато ја добиваат поддршката од членовите на ВМРО ДПМНЕ визави оние кои по некои приватни линии на чуден начин од разно разни други политички партии се појавуваат на пиедесталот на нашата партија и доаѓаат до врвни позиции и кандидати за разни позиции“, изјави Богојески во синоќешната емисиска дебата Клик плус.