Богов го скрати оптимизмот, политичката криза ја стопи економијата
Објавено во: Економија 24 Септември, 2017
Гувернерот Богов ќе биде среќен ако Македонија годинава ја заврши со минимален раст на економијата, наместо да заврши во рецесија.
Гувернерот на Народната банка изјави дека продолжената политичка криза и нанела сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе се постигне никаков раст оваа година, по падот во првата половина.
Во интервју за Ројтерс на маргините на Конференцијата на гувернерите на централните банки одржана во Сарево тој истакна дека предвидувањата од април за економски раст од 2,5 проценти очигледно биле премногу оптимистички.
Доколку се стабилизира политичката ситуација, тој наведува дека македонската економија следната година може повторно да бележи раст.