23 Април, 2024
0.0247

Богов: Инфлацијата е на доста умерено ниво

Објавено во: Финансии 29 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Гувернерот на Народната банка Димитар Богов вели дека се охрабрени од податоците за вториот квартал за оваа година за Бруто домашниот производ, каде што после шест квартали на негативни резултати, конечно беше остварена позитивна стапка на раст. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, гувернерот посочува оти очекува тоа да продолжи и во наредниот период. „Cвесни сме дека тој раст во еврозоната и во Европската унија, сè уште е многу слаб и многу ранлив, сè уште таму постојат ризици, но оптимизмот е туке, индикаторите коишто секојдневно излегуваат од економијата на еврозоната се главно позитивни, така што очекувањата се дека тоа соодветно ќе се одрази и на растот во македонската економија. За оваа година нашата проекција сè уште е 2,2 проценти раст, но по објавувањето на податоците за вториот квартал за БДП, веројатно ќе дојде до поместување нагоре. Ние сега ја започнуваме новата рунда проекции којашто ќе биде готова некаде кон крајот на октомври, меѓутоа за очекување е дека растот на Бруто домашниот производ оваа година веројатно ќе биде над 3 отсто“, вели Богов. Според податоците на Народната банка, забележан е раст на штедните влогови. Инфлацијата вели гувернерот не е проблем, бидејќи таа е на доста умерено ниво, 2,8 проценти е последниот податок за август и очекува за целата година, да имаме просечна инфлација од околу 2,8 проценти.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА