29 Март, 2024
0.0322

Богов мери тешка година, Груевски прогласува економски триумф!

Објавено во: Анализа 01 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Последните податоци од Народната банка, што обелоденија дека салдото на странските инвестиции во првите осум месеци изнесува само 73,5 милиони евра, уште повеќе ја бетонираа  досегашната слаба инвестициска позиција на земјава. Настрана, секојдневните сеќења ленти на Бунарџик, но споредбената анализа покажува дека лани, во истиот период салдото на директните инвестиции било за повеќе од три пати поголемо од годинашното.
Странски Директни инвестиции
(јануари - септември)
2011 та година            236,0 милион евра
2012 та година               73,5 милион евра
 
Од почетокот на годинава, НБМ регистрираше одлив на инвестиции во април и во август, но имаше и такви месеци кога инвестициите се движеа од 7 до 11 милиони евра на месечно ниво .
Април       -51,1 милион евра
Август       -26,0 милион евра
  Зошто вакви поразителни бројки? Експертската јавност за “ Фактор “ коментира дека овие минусни салда се резултат на одлив на  странските пари заработени во земјава. Конкретно , се укажува на одливот на  дивидендите што странските фирми од Македонија ги  префрлаат на сметките на своите “ мајки “ компании во странство. Како втора причина за намалувањето на инвестициското портфолио се посочуваат и новите кредитни задолжувања на компаниите со странски капитал  кои се книжат повторно на сметка на компанијата мајка. Судејќи според досегашното  темпо на влез на странски директни инвестиции, оваа 2012 та  е една  од покритичните инвестициски години. Во последните четири години, 2009 та се смета за најтешка година, со салдо на инвестиции од само 145 милиони евра .
Вредност на инвестиции  2009 та    145,0 милиони евра 2010 та    159,1 милиони евра 2011 та     303,5 милиони евра 2012 та       73,5 милиони евра 
  ШТО ДОНЕСЕ “ ПАТОТ НИЗ СВЕТОТ “  Во обид да привлече инвестиции, владата создаде широк фронт . И годинава продолжи со патувањата во светот, познати како “ Роуд Шоу “. “Фактор“ хронолошки ги прикажува дел од досега реализраните патувања на владините економски тимови. На агендата се најде Америка, Европа, Азија:
Лето , 2011                              САД Октомври 2011                        Англија , Лондон Неомври 2011                         Јапонија  и Сингапур Ноември 2011                         Австрија  и Германија Декември 2011                        Холандија , Италија, Франција Јануари/февруари 2012         Турција Март 2012                                Индија и Малезија 
Март 2012                                Катар
Август 2012                              САД и Канада
Септември 2012                      САД , Детроит Октомври 2012                         Индија
  Можностите за инвестирање во Македонија беа преставени пред стотици фирми од различни сектори и различен формат.Како дел од реефектите од тие посети беа набројани многу фирми, кои главно пројавиле интерес за влез во Македонија:
-        50 компании од Турција покажале интерес за подинечни средби и конкретни информации - турска компанија пројавила интерес за преземање на една од Слободните економски зони. - холандски фирми заинтересирани за ИТ секторот , текстилната индустрија и земјоделство - австриски фирми покажале интерес за енергетскот бизнис и земјоделството - катарски компании се интересирале за енергетиката - најава на мултимилијардерот од Индија , Субрата Рој за изградба на казина , хотели и центри за забава - пројавен интерес на две американски и една јапонска автомобилска компанија од САД 
  Но, европската економска и финансиска криза, како една од причините за бавниот влез на страснки инвестиции си го направи своето. Во, кризата Владата го лоцираше во клучното оправдување за ваквите резултати, дополнителните причини треба да се бараат во домашните слабости. Македонија се уште е во предворјето на НАТО и ЕУ, нарушени политички релации, се уште изразена коруптивност, правна несигурност, селективност при носењето на одлуки. Додека статистиката од почетокот на оваа 2012 та го регистрираше слабото темпо на влез на странски инвестиции, а во некои месеци и одлив, премиерот Никола Груевски го прогласи октомври за “месец на инвестиции“.“Октомври 2012 година дефинитивно е месец на инвестиции во Македонија. Отворен е „Сити мол“, инвестиција од околу 70 милиони евра во која се очекува да бидат вработени околу 2.000 лица, „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра со чие заокружување треба да се вработат 500 лица, „Текнохосе“, инвестиција од 15 милиони евра што ќе овозможи околу 200 вработувања и денеска се отвора фабриката „Продис“ на руски „Протек груп“,  инвестиција од 8 милиони евра во која по целосното завршување ќе се вработат 160 лица“ рече премиерот Груевски.  Новите инвестиции во Бунарџик
1.“ТЕКНОХОЗЕ“
Меморандум за соработка          мај 2010 та 
Почетна инвестиција                    5 милиони евра 
Целосна инвестиција                   10 милиони евра Вработени                                     50 луѓе ( + 150 )
2.“ПРОДИС“ Договор за инвестирање              август 2011 та Почетна инвестиција                    3,8 милиони евра Целосна инвестиција                   4,2 милиони евра Вработени                                      45 ( + 115 )
3.“КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС“ Договор за инвестирање                   јуни 2011 та Вредност на инвестицијата              20 милиони евра Број на вработени                             100 ( + 400 ) 
  За ФАКТОР, Анета Додевска, уредник на економска редакција 24 ВЕСТИ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот