19 Април, 2024
0.0265

Богов: На повидок големо прегрупирање во македонскиот банкарски сектор

Објавено во: Финансии 06 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов најави прегрупирања на македонската банкарска сцена. Тој во интервју за телевизијата 24 Вести вели дека очекува окрупнување на македонскиот банкарски сектор, без да прецизира за кои имиња станува збор. „Ќе има спојувања и преземања меѓу постоечките банки“, изјави Богов, не исклучувајќи ја можноста за појавување и на некое име од надвор, кое како што рече тој, сепак не е од најзвучните светски имиња. Според Богов многу е поверојатна опцијата за внатрешни окрупнувања на банкарската сцена. Разбирливо неговата позиција не дозволува да се открие повеќе се додека сопствениците на самите банки не навестат за што поточно станува збор. Поместувања ги навести Бишев Дека банкарскиот сектор во земјава го очекуваат големи поместувања, претходно, практично најави дотогашниот директор на Стопанска Банка Скопје, Глигор Бишев, која е во тројката најголeми македонски банки, заедно со Комерцијална Банка и Тутунска Банка. Бишев, за многумина неочекувано, замина за прв човек на Шпаркасе Банка, поради што сега многумина сметаат дека токму од оваа банка ќе се покренат идните случувања во банкарскиот сектор, кои можат да завршат со спојување, окрупнување или пак преземања на некои од постоечките банки во земјава. Во Македонија во моментов егзистираат 16 банки, при што за некои медиумите постојано шпекулираа дека се на продажба, но во практиката во последниве две години немаше големи поместувања. Најголем дел од нив се или доминантно со странски капитал, или пак во акционерската структура имаат некоја од меѓународните финансиски институции. Од трите најголеми банки, две се во сопственост на странски банкарски групации. Инаку, дел од банките дојдоа во сложена ситуација во последниве месеци откако нивните домицилни банки се соочија со потешкотии, но нивното редовно и успешно работење во Македонија никогаш не беше доведено во прашање.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година