28 Март, 2024
0.0244

Богов нуди решенија, но рацете му се врзани околу стабилниот курс на денарот

Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Надолните корекции за економскиот раст се потврда за преамбициозни очекувања што не се темелат на реалните состојби, коментираат економистите откако Народната Банка објави дека стапката на раст од 2,6 отсто ја намалува на 2,2 проценти. Иако и оваа проекција останува во зоната на оптимизам, експертската јавност ја отвора дилемата дали сегашните владини политики можат да испорачаат повисоки стапки на економски раст. Според аналитичарот Кире Наумов, концептот на зголемено финансирање на јавната потрошувачка не дава резултати. „Зголемената јавна потрошувачка, односно постојаното зголемување на расходната страна на буџетот покажува дека не може да го обезбеди планираниот и очекуван економски раст. Единствен начин за да се обезбеди одржлив раст е зголемување на извозот. Не е спорно дека кризата го ограничува извозот, но конечно мора да се размислува за можна измена на сегашниот “бетониран“ курс на денарот. Односно да се каже дека тој е преценет. Мора да се отвори дебата на оваа тема “ – вели Наумов. Гувернерот Димитар Богов објави намалување на стапката на економски раст со образложение дека се зголемуваат ризиците од надвор. „Како резултат на влошувањето на економските изгледи на евро-зоната, се очекува дека закрепнувањето на домашната економија ќе се одвива со малку поумерено темпо од претходно очекуваното, се до средината на 2014 година. Најновите показатели за економската активност упатуваат на стагнација во 2012 година и постепено економско закрепнување во наредните две години. “ – изјави гувернерот Богов. Според проекциите на НБМ до година се предвидува стапка на раст од 3 отсто. Еве што проектираше, а што ревидираше Народната банка: Кредитирањето забави, главен симптом на намалена економија Она што претставува симптом на забавена економска активност е токму кредитирањето. Ланската 2012 та завршила со стопа на кредититен раст од само 5,4 отсто, што се смета за една од најниските стапки на кредитен раст во изминатите години. Во следните две години се очекува забрзување – но со зголемена претпазливост на банкарите да ги кредитираат граѓаните и компаниите. „Сепак, неизвесниот глобален амбиент, согледувањата на банките за ризиците и деловните стратегии на европските банкарски групации коишто се присутни и на домашниот пазар може да предизвикаат зголемена претпазливост кај домашниот банкарски сектор во водењето на кредитната политика “ – оценуваат од Централната Банка. Оваа динамика на кредитирање се случува во година кога НБМ ја намали основната камата за благајничките записи и презеде неколку чекори за олабавување на монетарната политика. Резултати нема – вели Наумов и додава : „И монетарната и фискалната власт ги намалуваат каматите за благајничките записи и за државните харии од вредност, но тие потези не дадоа резултатити, нема зголемување на кредитната активност “. Банкари коментираат дека ниската стапка на кредитен раст е одраз на присутните ризици поради кои банките и натаму водат претпазливи и рестриктивни кредитни политики што треба да ја спречат ризичната кредитна изложеност и  зголемувањето на нивото на нефункционални кредити. Анета Додевска

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка