25 Април, 2024
0.0306

Богов: податоците за јавниот долг се точни, не знам како Гошев дошол до 45%!

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Податокот на министерството за финансии за јавниот долг од 30, 2 % од БДП  е точен, и е целосно споредлив со податоците на Еуростат, изјави денеска Гувернерот Димитар Богов, откако пред неколку дена поранешниот гувернер Петар Гошев рече дека долгот на државата надминува 45% од БДП, и не е 30% како што прикажува Министерството за финансии. - Во нашите мерења за долгот не е вклучен единствено долгот на општините, но тие досега не се задолжуваа и јас незнам како господинот Гошев дошол до оваа пресметка од 45 % јавен долг од БДП, изјави за Сител гувернерот Богов. Гувернерот смета дека во бројките за јавниот долг не треба да влезат обврските на Централната Банка, благајничките записи, оти тие не се долг на државата. Гошев на неодамнешната дебата рече дека вкупниот јавен долг ја надминува бројката 45 % од БДП, доколку во мерењата би се вклучиле долговите на монетарната власт, јавните фондови, на општините, на градот,  на јавните претпријатија. Со сличен став излезе и академик Абдулменаф Беџети, според кого објавувањето само на јавниот долг на централната влада, (кој е помал од вкупниот јавен долг) без останатите институции е само поради политички интерес.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија