Боинг „растури“ на авио самитот во Дубаи
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017
Американскиот производител на патнички авиони Боинг има фантастичен настап на авио-саемот во Дубаи бидејќи од старт успеа да склучи два многу значајни и скапи договори.
Авиокомпанијата Емирејтс од Дубаи потпиша договор со американскиот производител Боинг да купи 40 авиони од типот „787-10 Дримлајнер“ за 15,1 милијарди долари.
Потоа и државната авио-компанија на Азербајџан најави дека ќе купи пет летала Боинг 787-8 и два транспортни авиони за вкупно 1,1 милијарди долари.
Од Емирејтс се задоволни од договорот со Боинг тврдејќи дека ќе придонесе за создавање на работни места низ целата авиоиндустрија. Сега Емирејтс авио компанијата ќе има над 200 патнички авиони чија вкупна вредност се проценува на 90 милијарди долари. Тие ќе продолжат со нудење и на нови услуги за најлуксузните класи на патување на долги дестинации.
Најголем губитник засега е Ербас кој не успеа да ги привлече инвеститорите од Блискиот исток и во последен момент пропадна нивната понуда за продажба на А380 огромните авиони.