19 Април, 2024
0.1385

Бојко Борисов стравува дека сакаат да го убијат

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Од она што го гледам во земјата, доаѓам до заклучок, дека БСП, ДПС и „Атака“, смислено бараат да паднат од власт, вели лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов во изјава за медиумите во Бугарија.

„За овие 10 дена, да споменам неколку факти, за една ноќ ставија голем измамник за министер, преку ноќ го сменија. Предложија шеф на ДАНС, кој во последните четири години не одел на работа, во претходните четири години бил отпуштен“, вели Борисов.

Борисов потоа вели дека откако овие три партии ги признаа изборите и во таа криза повторно ГЕРБ е прва политичка сила, изјавиле дека со раководството на ГЕРБ треба да се разговара по нестандарден начин и само Пеевски се согласил да го изврши тоа.

„Тие подготвиле сценарио – да ме уапсат и да ме убијат. Затоа Станишев вели – нестандардно, само тој човек, со ризик по животот го презема тој ангажмант. Кој ангажмант. Десет дена Орешарски, Местан и Станишев не кажуваат, кој го предложил. Сите знаеме, дека такво решение се добива само од Ахмед Доган. Чие име беше цитирано во официјално писмо, на централата, за порачка против мене. Тоа се подготвуваа да го направат. Затоа трчаа кај јавниот обвинител“, вели Борисов, пренесе Нетпрес.

Назначувањето на Делан Пеевски за шеф на бугарската Државната агенција за национална сигурност (ДАНС) предизвика голем број реакции во земјата. Парламентот вчера донесе одлука да се поништи одлуката за именување на Пеевски за прв човек на ДАНС.

Одлуката беше поништена едногласно, меѓутоа пратениците од најмногубројната пратеничка група од центристичката партија Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов ја бојкотираа седницата на парламентот.

Именувањето на 32-годишниот Пеевски, без никакво искуство во работата на безбедносните служби, но поврзан со моќна медиумска групација и моќна банка, иако уште минатата сабота по реакциите го одби именувањето, предизвика жестоки спротиставувања во Бугарија и протести против владата, како и реакција на претседателот Росен Плевнелиев кој изрази разочараност од владата на непартискиот премиер Пламен Орешарски.

„Направив политичка грешка со именувањето на Пеевски за којашто им се извинувам на бугарските граѓани", изјави во средата во парламентот премиерот Орешарски.

Пеевски е пратеник од редовите на партијата Движење за права и слободи којашто ги застапува интересите на бугарските Турци и муслиманското население, член на владејачката владина коалиција којашто ја води Бугарската социјалистичка партија (БСП) на премиерот Пламен Орешарски.

Изборот на овој контроверзен медиумски могул во петокот поттикна протести во неколку бугарски градови. Пеевски преку своето семејство управува со мрежа од дневен весници и телевизиски канали.

Неколку илјади лица и синоќа се собраа на антивладини протести во Софија, иако Парламентот вчера ја укина одлуката за именување на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за нациоанлна безбедност чиј избор беше повод за демонстрациите.

„Мафија!“ и „Оставка!“ извикуваа демонстрантите барајќи оставка на Владата на бугарскиот премиер Пламен Орешарски.

Можеби ќе ве интересира

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци