БОЛНИЧКИТЕ ИНФЕКЦИИ СЕ ШИРАТ-нема кој, ниту како да ги спречи
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2018
Болничките инфекции коишто постојано се шират на клиниките почнуваат да го наплаќаат својот данок.
Седум од десет пациентите кои се на интензивна нега умираат ако се заразиле со некоја од поопасните бактерии кои виреат таму вели професорката Каќа Поповска од Институтот за микробиологија .
Македонија нема ефикасен систем на регистрација и дијагностика на интрахоспиталните инфекции. Болничката хигиена е само дел од превенцијатa, но недостасува и едуциран кадар, вели Поповска.
Недоволно стручниот кадар преставува голем проблем.
„Постоечките медицински сестри се делигираат поедини сестри кои што се тераат да се научат. Најстрашно е што немаат континуитет во едукацијата затоа што во одредена гарнитура е една сестра, ќе се смени раководството е друга сестра. Тука е прекинот на знаења за системот да функционира“, вели Каќа Поповска
За справување со овој проблем СЗО ќе и помага на Македонија во изготвувањето на нова стратегија, а ресорното министерство формира нова национална комисија за интрахоспитални инфекции каде ќе се едуцираат кадри, вели д-р Караџовски од Институтот за јавно здравје