Бомба наменета за албански бизнисмен рани 7 лица во Скадар
Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2018
Бомба наменета за албански бизнисмен рани 7 лица во Скадар. Полицијата се сомнева дека експлозијата била обид за убиство на локалниот бизнисмен Љуљзим Кула.
Седум лица се повредени во експлозија што се случила околу 10:30 по локално време, објави Albanian Daily News.
Контролни проверки се вршат во целиот град, како и на излезите на Скадар, со цел да се фати сторителот.
Во моментов неколку лица се притворени во врска со експлозијата.
Двајца од повредените се во тешка состојба и се транспортирани во блиската болница.