БОМБАРДИРАЊЕ НА БАРСЕЛОНА: Шпанските генерали подготвуваат интервенција?
Објавено во: Свет 09 Октомври, 2017
Оваа фотографија датира од 17 март 1938 година и настанала за време на граѓанската војна, кога жариштето на републиканците било во Барселона.
Во последните 10 години се слушаат закани од војската заради можноста за отцепување на покраината.
Од „неделивоста на Шпанија“ зависи и опстанокот. Илјадници години различни народи живееле заедно со тоа што преминувале преку културните разлики.
Сите официри во светот се колнат дека ќе го бранат Уставот на една земја, а така е и со Шпанија.
Но, веќе може да се слушнат и жестоки гласови откако Каталонците сакаат да се одвојат од Шпанија.
Хозе Мена е шпанскиот генерал кој во јануари 2006 година изјави дека армијата ќе интервенира во Каталонија, ако единството на Шпанија биде загрозено. По ова тој беше во куќен притвор, а потоа беше и сменет.
Полковникот Франциско Аламан во септември 2012 година даде уште подраматична изјава. Тој рече дека само преку него и другите војници мртви, Каталонија ќе се одвои, а Шпанија не е ниту Белгија, ниту Југославија. Рече дека ако бидат испровоцирани ќе видат што е свирепост.